Piczo

Log in!
Stay Signed In
Do you want to access your site more quickly on this computer? Check this box, and your username and password will be remembered for two weeks. Click logout to turn this off.

Stay Safe
Do not check this box if you are using a public computer. You don't want anyone seeing your personal info or messing with your site.
Ok, I got it
Дизајнерката Камила Лабра (23) успеа да дизајнира чизми од рециклирани пластични кеси. Младата дизајнерка потрошила по 8 стари кеси за чизмите, а идејата ја добила кога видела дека луѓето ставаат кеси на своите стапала за да се заштитат од дождот.
Камила Ламбра ги дизајнирала чизмите за еден проект на универзитетот во Сантијаго де Чиле, и во моментов ги продава на нејзината веб страна.

- Тие не изгледаат како да се направени од пластични кеси и не ја чувствувате пластиката кога ги носите, вели младата креаторка.

Пар уникатни чизми чини само 45 долари.
Британската далматинерка Бутон е рекоредер во раѓање на кученца. За две години кучката родила 34 мали.
Тригодишната Бутон минатата година одеднаш роди 16 кутриња, поставувајќи светски рекорд. Една година подоцна славната кучка го собори својот рекорд раѓајќи дури 18 кутриња. Засега кучките во просек раѓаат по осум до девет млади.

Таткото на Бутон бил едно од кутрињата во познатиот Дизни филм „102 Dalmatians“. Се чини дека талентот им е во гените, особено ако се земе предвид дека две кученца од нејзиното прво легло веќе имаат телевизиски договори и се појавуваат во најразлични емисии и реклами.
Сопствениците на Бутон се пресреќни со приновата на нивното милениче.

- Среќни сме, но ова значи и многу работа. 24 часа мора некој да е со нив затоа што Бутон не може сама да се грижи за сите кутриња. Додека таа ја дои едната група кутриња, ние ги храниме останатите. Тоа е на секој еден до два часа. Мислевме дека овој пат ќе биде стандардно, осум до девет кученца, сепак ден пред да се окучи ја однесовме на ветеринар на ултразвук, ни рече дека премногу се и оти едноставно не може да ги избори. Бевме шокирани кога окучи 18 живи и здрави кутриња, вели Адам Морли.
Ветеринарот Кон Хесет, кој хируршки ја окучи Бутон, вели дека операцијата одела лесно и брзо.

- За девет до 12 минути извадив 18 кучиња. Операцијата само по себе не беше тешка, но моравме да имаме пет-шест сестри во сала за да може да се погрижат за кутрињата. Ова е вистинско чудо, досега никоја кучка нема родено 18 кутриња, вели Хесет.
Скопје, 5 јануари (МИА) - Комисијата во Македонската радиотелевизија денеска избра 32 композиции кои ќе учествуваат на фестивалот „Скопје 2009“ - Национален избор на песна за Евросонг, што ќе се одржи на 19, 20 и 21 февруари во Универзалната сала. На конкурсот кој заврши на 31 декември, пристигнале 142 композиции.

МРТ ги објави насловите на композициите и нивните автори и најави дека имињата на изведувачите дополнително ќе ги соопшти. Во трка за национален претставник на Евросонг 2009, што ќе се одржи во мај во Москва, се нумерите и нивните автори:

„Добар крај“ (Ана Симоновска); „Патувам низ времето“ (Зоран Илиевски); „Ти пеам песна“ (Кире Костов);   „Не играј си девојко“ (Симон Трпчески); „Дрво без корен“ (Андријана Јаневска); „Нема да зборам“ (Ванчо Димитров); „Повторно љубена“ (Стевче Грозданов); „Помалку наивна“ (Никола Перевски и Владимир Крстевски); „Љубовта доаѓа“ (Лазар Цветковски); „Застани, солзи избриши“ (Григор Копров); „Само сон ќе ни остане“ (Григор Копров); „Северно од мене, јужно од тебе“ (Калиопи Букле); „Блиску до мене“ (Влатко Лозаноски); „Отвори го срцето“ (Јован Василевски); „Игра со нас“(Димче Китрозоски); „Волшебник“ (Блаже Темелков);   „Динг донг“ (Зоран Трпков); „Земи се“ (Љупчо Трајковски);   „Мојот ТВ“ (Ристо Апостолов);   „За неа постојам“ (Костадин Папа);   „Генгста оро“ (Даниел Јовески); „Збогување“ (Даниел Митревски); „За крај“ (Давор Јордановски);   „Насмеј се“ (Здравка Мирчевска); „Ме пронајде ти“   (Хари Котларовски);   „На мое место“ (Бојан Ѓошевски); „Рум дум дум“ (Кире Костов);   „Гледаш не сум сам“ (Владимир Дојчиновски); „Сакам да ти кажам остани“ (Владимир Дојчиновски); „Сила на љубовта“ (Александар Масевски); „Нешто што ќе остане“ (Дамјан Лазаров и Јован Јованов) и „Дали мислиш на нас“ (Гоце Симоновски).